Кој од Македонија го помага контра митингот на Вучиќ во Куманово?

Здружението „Мир, слога, стабилност“, кое за себеси вели дека е здружение на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници, на своите социјални мрежи објави апел во кој се вели:

Ги повикуваме сите членови, симпатизери и граѓани со добри намери кои ја почитуваат политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ да ни се придружат и заедно да испратиме силна порака на слога, заедништво и поддршка.

Повикот е упатен „до сите граѓани на Македонија“ за да бидат дел од народниот собир на 23 мај, оваа година, во Куманово за поддршка на претседателот Вучиќ.

Да покажеме единство, достоинство и поддршка, се вели во пораката и се наведува дека собирно место е Плоштадот Куманово, во 11:00 часот, од каде што поворката треба да пристигне на пред конзулатот на Србија на кружниот тек во градот.

Ова не е прва слична активност на ова здружение, но овој пат паѓа во очи што овој народен собир за поддршка на Вучиќ во Куманово, се совпаѓа со оној на Студентите во блокада во Белград најавен за истиот ден.

На овој протест, како што е најавено, студентите ќе ги повторат своите барања, кои се основа на нивната борба повеќе од една година.

Но, има уште едно совпаѓање во врска со настанот на Здружението „Мир, слога, стабилност“. Тоа е посетата на претседателот на Српската народна странка, Милош Вучевиќ, кој го заменува Вучиќ додека овој е претседател.

СДСМ обвини дека посетата на претседателот на Српска напредна странка, Милош Вучевиќ, на Македонија е поврзана со, како што наведуваат, „спасување на Орбановата медиумска мрежа“ во земјава. Од СДСМ тврдат дека на состанокот присуствувале и почесниот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, како и вицепремиерот Иван Стоилковиќ.

Со оглед на совпаѓањето на оваа посета и средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, не е исклучено дека на оваа средба било разговарано за активностите на српксата СНС во Македонија и елементарно би било Вучевиќ да го запознае премиерот за народниот собир во Куманово.

Од ВМРО-ДПМНЕ немаше подетална информација за оваа средба, ниту пак за тоа што било разговарано на неа.

Најчитано