Колона: Неразбирлив е израелскиот напад врз Францускиот културен институт во Газа

Франција на израелскиот напад врз Францускиот културен институт во Газа реагираше со „зачуденост“ и „неразбирање“, изјави денеска шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона.

Таа додаде дека Париз бара целосна истрага за погодената зградата.

– Денеска објавивме дека Францускиот културен институт во Газа беше погоден пред неколку дена на начин што предизвика чудење, неразбирање и што ја натера Франција да побара објаснувања од израелските власти, изјави Колона за француските медиуми при посетата на главниот град на Нигерија, Абуџа.

Таа додаде дека Париз бара објаснување зошто Францускиот културен центар бил цел на израелски напад. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?