Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Комесарот за човекови права на ОН вели дека воени злосторства биле извршени и од Израел и од Хамас

И Хамас, и Израел извршија воени злосторства од избувнувањето на конфликтот минатиот месец, изјави во средата Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, пренесува Си-Ен-Ен.

„Злосторствата извршени од палестинските вооружени групи на 7 октомври беа грозоморни, брутални и шокантни, тие беа воени злосторства – како и континуираното држење заложници“, рече комесарот Волкер Турк.

„Колективното казнување на палестинските цивили од страна на Израел е исто така воено злосторство, како и незаконската насилна евакуација на цивили“.

Турк ги даде забелешките по посетата на граничниот премин Рафах, кој го нарече симболичен спас за 2,3 милиони луѓе во Газа. Тој ги повика двете страни да се согласат за прекин на огнот врз основа на три императиви за човекови права: испорака на помош за Газа, ослободување на заложниците од Хамас, како и спроведување на „траен крај на окупацијата, заснован на правата и на Палестинците и на Израелците за самоопределување и нивните легитимни безбедносни интереси“.

„Дури и во контекст на 56-годишна окупација, сегашната ситуација е најопасната во последните децении, со која се соочуваат луѓето во Газа, Израел, на Западниот Брег, но и регионално“, рече тој.

„Нападите на ИДФ  врз воени цели се предмет на релевантни одредби од меѓународното право, вклучително и преземање изводливи мерки на претпазливост и по проценка дека очекуваната случајна штета на цивилите и цивилниот имот не е прекумерна во однос на очекуваната воена предност од нападот.”

Треба да знаете
Moже да ве интересира