Контроверзи околу рокот на употреба на енергетски бисквити испратени како помош во Газа

 Контроверзи избувнаа на интернет во врска со енергетски бисквити за конзумирање  доставени како дел од помошта за Појасот Газа, откако луѓето открија дека рокот им истекува за неколку недели, јави ДПА.

Фотографии и видеа кружат на социјални мрежи со луѓе кои критикуваат дека датумот испечатен на тие протеински десерти покажува ќе измине за две недели.

Тие се обезбедени од Светската програма за храна (WFP) како дел од хуманитарните конвои доставени од египетската Црвена полумесечина.

Светската програма за храна во објавата на платформата X наведе дека „енергетските бисквити во Газа се безбедни за јадење до рокот отпечатен на паковката. Тие сметаат дека енергетските бисквити се очекува да бидат дистрибуирани и изедени пред тој датум. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира