Костадиновска-Стојчевска: ЕПК Скопје 2028 е ново Скопје 2014

ЕПК Скопје 2028
Бисера Костадиновска-Стојчевска

Поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска, во разговор за Рацин.мк вели дека изземањето на проектот Европска престолина на културата – Скопје 2028 од Законот за за јавни набавки и предлогот за нов закон кој ќе го одобри тоа навестува дека ЕПК Скопје 2028 е ново Скопје 2014.

Таа укажува дека структурата на раководењето и управувањето со Фондацијата веќе беше поставено и не предвидуваше вакво изземање на ЕПК Скопје 2028.

Во прилог на тоа, Костадиновска-Стојчевска наведува како беше регулирано во европски престолнини споредба со македонскиот предлог закон.

„Во најголем дел од европските престолнини на културата не се носи посебен закон. Проектот најчесто се реализира преку постојното законодавство, а се формира независна фондација или непрофитна организација која работи според општите закони на државата“, посочува поранешната министерка во чиј мандат беше добиена кандидатурата Скопје да биде Европска престолнина на културата, откако претходната градоначалничка на градот Данела Арсовска го доведе во ризик проектот.

Костадиновска-Стојчевска укажува на праксата на другите градови и потсетува на примерот на неколку од последните изданија на овој европски проект.

Во 2020 година, Риека не формираше фондација, туку трговско друштво и проектот се реализираше без донесување посебен закон што би ги исклучил јавните набавки или урбанистичките процедури.

Во Нови Сад (2022), во Србија проектот го спроведуваше фондација основана од градот, но продолжија да се применуваат редовните закони за јавни набавки, буџетско работење и градење.

Во Елефсина, во Грција во 2023 организацијата функционираше преку посебно правно лице, но без општо исклучување од административните постапки.

Во Темишвар, во Роамнија во 2023,проектот го водеше здружение/асоцијација, а јавните средства се трошеа согласно националното законодавство.

Костадиновска-Стојчевска укажува и на тоа дека постоечкиот Закон за јавни набавки има предвидено поедноставени административни услови, но очигледно е дека ниту тоа не му било доволно на организаторот

„Предлог законот Проектот Скопје европска престолнина на културата 2028  создава посебен закон само за еден проект, воспоставува посебен режим на набавки наместо примена на општиот Закон за јавни набавки, кој во себе има предвидено поедноставени административни постапки и кратки рокови, а во одредени случаи и правило дека непроизнесувањето на органот се смета за позитивно мислење“, посочува поранешната министерка и пратеничка Костадиновска-Стојчевска.

Таа укажува и на уште една опасност.

„Она што е највидливо за жал, во ова предлог решение е дека никаде ги нема уметниците! Никаде не е наведен ни уметничкиот тим кој ја припремаше апликацијата, ниту тимот кој ја бранеше кандидатурата во 2023 во Брисел, туку има само политички фигури со што се отвара можноста за политичко влијание.Тоа е и поскандалозно од член 21 каде се исклучува законот за јавни набавки. Отсуството на уметниицте, креаторите, и веќе усвоените проекти во Бит Бук-от во 2023та е уште по тажно“, оценува Костадиновса-Стојчевска.

Таа предупредува и на можноста кандидатурата да биде одземена зашто веќе две години Скопје нема покажано никаква активност на овој план, освен овој споредн предлог-закон.

„Две години екс министерот Љутков шеташе по светот во име на ЕПК 2028, а всушност не направи ништо“, смета Поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска, во разговор за Рацин.мк

Најчитано