Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Откривањето на бистата на Гоце Делчев е вечен потсетник на неговото дело

“Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод настанот во Пустец во Република Албанија каде што денес беше откриена бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев.

Министерката истакнува дека бисатата „е вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава“.

„Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет“, напиша Костадиновска-Стојчевска.

Таа уште нагласува дека „ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна“,

„Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина“, напиша на социјалните мрежи Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод настанот во Пустец во Република Албанија каде што денес беше откриена бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев.

Треба да знаете
Moже да ве интересира