Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска Стојчевска: Партиската математика на ВМРО им е поважна од тоа македонскиот јазик да биде прв официјален јазик

Тврдењето на очигледно лошо брифираниот колега од ВМРО-ДПМНЕ дека сум дала претставка до непостоечки инспекторат е уште една нивна лага упатена кон граѓаните.

Претставката преку архива уредно ја поднесов до Секторот за управен и инспекциски надзор при Министерство за култура, кое според Член 21 од Законот за македонски јазик го врши надзорот над спроведувањето на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон, напиша Костадиновска Стојчевска на нејзиниот ФБ профил.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш ништо не направиле за македонскиот јазик. Од тука нека не се изненадуваат граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ молчи на гафот на Гаши.

Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме после 18 години и сите механизми кои произлегуваат од ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ сега имаат можност да покажат барем еднаш дека се грижат за македонскиот јазик и негова правилна употреба, вели Костадиновска Стојчевска во објавата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира