[Видео] Костадиновска-Стојчевска во Советот на Европа: Државата потфрли во случајот на Ивана и нејзината ќерка

Костадиновска-Стојчевска

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска, како членка на Интерпарламентарното собрание на Советот на Европа, се обрати на итната дебата во ова меѓународно тело, свикана заради влошување на состојбите со пристапот на жените до правда, што, вусшност, беше и тема на оваа сесија.

На почетоко на своето обраќање Костадиновска-Стојчевска рече дека наместо да наведе статистики и и да потсети на резолуциите што ова тело ги има донесено на темата пристап на жените до правда, таа укажа дека само 2% проценти од случаите на семејно насилство се пријавуваат во институциите и го презентираше случајот што ја потресе Македонија, самоубиството на Ивана и нејзината ќерка од 4 март оваа година.

„Ивана ја зела ќерка ѝ во нејзините раце и скокнала од 4 кат од нејзината зграда затоа што веќе не можела да го трпи семејното насилство на кое била изложена повеќе години.

36 лица се одговорни за деветте години во кои Ивана не ја добила помошта што ја барала. Дури и во најлошите моменти. Во училиштетот на нејзината ќерка го знаеле тоа и ги известиле социјалните служби, но тие не направиле ништо. Полициските службеници не направиле ништо. Значи држвата не потфрлила не само за Ивана, туку и за нејзината 6 годишна ќерка. Нејзините цртежи што биле презентирани во судот прикажувале сцени како нејзината мајка е на подот, а нејзиниот татко ја тепа.

Во своето обраќање на сесијата на Интерпарламентарното собрание на Советот на Европа, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска наведе неколку сведоштва на претставници на институциите кои го потврдуваат потфрлањето на државата да ги заштити жените од насилство и да им обезбеди пристап до правда.

„Кога полицијата доаѓала дома после пријава им велеле „морате ова да си стредите дома“.Постои видео прикажано на судот во кое се гледа како мажот ја тепа Ивана, но кога се приближиле двајца полицајци, додека сопругот ја држел за рецете, еден од полијцајците им трекол „тргнете се од камерата и средето го ова дома“.

Мажот на Ивана почнува да се смее, и сето тоа се гледа на видеото и ѝ вели „ти реков, ништо не можеш да направиш“.

И никој ништо не направил, укажа Костадиновска-Стојчевска.

На крајот, пред да заврши, македонската пратеничка ги опиша и последните моменти од трагедијата на Ивана.

„Пред да се самоубие, Ивана со видео му се јавила на мажот ѝ додека тој бил со сведок пред нивната зграда и неговит единствен коментар бил ‘оваа кучка никогаш нема да го стори тоа, нема да умре’. Во следниот момент го слушнал ударот кога Ивана и нејзината ќерка паднале на плочникот, а тој немал храброст ниту да оди да ги идентификува“.

Итните дебати во Интерпарламентарното собрание завршуваат со препораки од укажувањата на членовите на ова европско кои потоа се доставуваат до земјите членки на ова тело на Советот на Европа.

Најчитано