Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски до ЗНАМ: Не можете да глумите партизани и да седите во скутот на Ванчо Михајлов

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вечерва на митингот во Гостивар направи одредени парадигми со времето н Народно ослободителната борба.

Ковачевски кажа дека Комунистичката партија на Македонија која е претходник на СДСМ се борела за независна Македонија, а тогашното ВМРО тогаш предводено од Ванчо Михајлов ја бојкотирало таа борба.

Ковачевски се обрати и кон членовите на политичката партија ЗНАМ.

„Ванчо Михајлов бил нивниот претседател кој бил на страна на фашистичката алијанса, а оние наши другари кои до вчера беа тука и кои се ујдисале со нив, треба да знаат дека не можат да глумат партизани, а да седат во скутот на Ванчо Михајлов“, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира