Ковачевски: Инфлацијата која во 2022 година изнесуваше 20% успеавме да ја намалиме на 3%

Осврнувајќи се на растот на цените, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат истакна дека инфлаторните притосоци биле узвезени од надвор а предизвикани прво од пандемијата со коронавирусот, а потоа и од руската агресија врз Украина.

Ковачевски посочи дека кога тој ја предводел Владата, таа презела низа мерки кои имале за цел да го заштитат стандардот на граѓаните.

Кога ги анализирате цените мора да го земете предвид целиот синџир, односно од производство, преку големопродажба до малопродажба. Од самиот почеток на инфлаторниот притисок кој дојде од надвор, доминантно заради војната во Украина, тогаш се нарушија каналите на снабдување, енормно се зголеми цената на суровините, се зголемија транспортните трошоци, што влијаеше на инфлацијата, која достигна и 20% во текот на 2022 година и тогаш ние започнавме со неколку мерки за намалување на инфлацијата. Прво започнавме со намалување на маржите во голмопродажбата и малопродажбата, за потоа да преминеме кон гарантирани цени за основните гарантирани цени и успеавме, инфлацијата ја намаливме на 3% што е историско најниско ниво од почетокот на пандемиијата, на економската криза и војната во Украина и таа ќе продоли да биде на тоа ниво. Секако дека има опасност од инфлаторните притисоци но таа е веќе стабилизирана на три проценти“ порача Ковачевски.

Тој додаде дека со носењето на Законот за спречување нефер трговски практики ќе се дојде до стабилизирање на цените, а потребата за носење на таковзакон била поради нефер практиките на одредени компании.

„Јас лично работев на Законот за спречување на нефер трговски практики и лично учествував во неговото пишување и тој закон овозможува секој да има фер дел во маржите во продажбата, бидејќи се случуваше несовесни трговци, целиот притисок од ограничените цени да го пренесуваат на производителите и производителите беа ставена во подредена положба. Овој закон ќе придонесе за стабилизирање на цените“ посочи Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира