Ковачевски: Носевме тешки одлуки без да се штедиме, за доброто за државата

„Има уште една друга разлика. Тоа е дека ние навистина носевме тешки одлуки и кога ќе кажете а погледнете ги изјавите на сите и на моите изјави и на мојот претходник и на неговата претходничка и на претседателот на државата Пендаровски, ние велевме носиме тешки одлуки без да го штедиме својот политички кредит. Тоа е добро за државата. Второ, ние во 2016 бевме заробена држава во која што немаше слобода на медиумите“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во поткастот Политиканти на Слободен печат.

Тој се осврна и на уредувањето на вестите по телефон, на платените медиуми, како и доколку некој од нив излезеше од тоа клише беше затворен. За тепањето на студенти и немањето на слобода на протест.

„Во 2016 дојде СДСМ и ја врати демократијата. Ние бевме заробена држава без препорака за почнување на преговори со ЕУ во 2016 година токму заради овие причини. До 2016 година во Македонија не се ни зборуваше за корупција, зашто, затоа што немаше слободни медиуми. Ако погледнете од 2016 до денес нема воопшто селективност во борбата против коруцијата. Вие имате функционери на актуелната влада кои што се во притвори, осудени итн итн. И тоа беше незамисливо во 2016. Разликата помеѓу авторитарен режим и демократски режим, што во авторитарен режим вие нема шанси да чуете за корупција затоа што ни еден медиум за тоа не известува“, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира