Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Овие избори не се за национализам, туку за интеграција во ЕУ

„Прво не се работи за надмоќ, туку се работи на несоодветно однесување на дел од функционерите на ДУИ. Јас не можам да ставам равенство помеѓу сите кои што функционирале во владата, ние имавме сепак професионалци во владата. Сите министри работеа во рамки на своите надлежности. Најголемиот дел од нив работеа 24/7, буквално така, посебно економските министри за да обезбедат се што е потребно од антикризни мерки до финансирање на државата“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за 360° на МРТ 1.

Тој се осврна на креирањето на антикризни мерки во вредност од 2.6 милијарди евра, кои се законски решенија, подзаконски акти, мерки итн. Но, од друга страна вели Ковачевски, имаше дел функционери кои не покажаа соодветно однесување па дури и се однесуваа на несоодветен начин што даваше една слика дека целата влада функционира така, а не беше така.

На прашањето дали ова тој го кажува задоцнето, или неискрено, Ковачевски посочува дека е искрено и се наврати на неговите изјави изминатите денови.

„Бидејќи вие гледате кога имаме една дебата помеѓу конзервативна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ која што е чиста етничка партија, како што има и други партии впрочем во Македонија, тогаш веднаш се засилува националната реторика и јас не можам, а да не замерам и на самиот Али Ахмети за извиците кои што ги кажуваше со УЧК на митингот или во тие нивни настапи бидејќи тие се извици во минатото кои што воопшто не кореспондираат со меѓунационалната кохезија која што ја имаме во државата. И овие избори практично не се избори за национализам туку темата на овие избори е интеграција во ЕУ, а извикување на такви извици е токму спротивно од интеграција во ЕУ“, посочи Ковачевски.

Тој изрази уверување дека националистоичкиот наратив секако дека влијаел на гласачите, како дека дури имало и понуди за засилување на националната реторика од ВМРО-ДПМНЕ и тоа е во едно објавено интервју на човек од ДУИ.

„Како што тоа го правеа 11 години од кои што 11 години да бидам искрен Македонија немаше никаква фајде од 2006 до 2016 година освен што остана едно Скопје 2014 од искршен стиропор, меѓубројни споменици и овенати жални врби во сред Вардар“, истакна Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира