Ковачевски: Тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот

„Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија. Но, се уште не е доцна да се смени правецот, откажувањето за нас не е опција“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на Македонија и дека имаат уште две недели за да се испрати пораката до секој граѓанин дека едиснтвениот начин за вистинска суштинска промена е европската интеграција.

„Време е да ги ставиме на страна разликите и да се обединиме зад идејата за европска Македонија. Мора да ги ставиме на страна сите несогласувања, бидејќи тука зборуваме за иднината на земјата и ако ја пропуштиме шансата ќе треба далеку повеќе време за да ја вратиме земјата на вистинскиот пат“, истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека знае оти голем дел од нивните поддржувачи се разочарано, но порача дека сега не е време за откажување.

„Имаме уште две недели, јас ќе бидам на терен, секој ден со вас и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“, порача рече Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира