Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Во земјава имаме два концепта – едниот е за ЕУ, другиот за изолација

„Во Северна Македонија имаме два концепта – едниот е за ЕУ, а другиот е за изолација. Вие имате претседатели на партии кои велат дека 100 години немаме да влеземе во ЕУ, а ако треба и никогаш“ истакнува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој исто така додаде дека има и политичка партија чијшто претседателски кандидат излегува и вели дека треба да се поништи нашето зачленување во НАТО и да се одржуваат поблиски односи со Кина отколку со ЕУ.

„Стратешкиот интерес на граѓаните, желбата на граѓаните, економската поврзаност на нашето оптшество е со ЕУ. Нашиот извоз и увоз е над 60% со ЕУ. Нашите инвестиции над 70%, странски, доаѓаат од земјите членки на ЕУ. На крајот и нашите граѓани кои што одат да работат во странство, одат да работат во земјите членки на ЕУ. Тие не одат да работат во Кина, во Русија или не знам какви сателит држави на Русија“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека ЕУ нуди економски напредок, социјална правда и врвно владеење на демократијата и правото.

Ковачевски посочува дека нашата земја заедно со Хрватска го почна патот кон ЕУ, но тие решија да се европеизираат, а ние се антиквизиравме, вели претседателот на СДСМ и поранешниот премиер.

„Ние со Хрватска почнавме заедно 2005 година и планот беше ние заедно да станеме земји членки на ЕУ. И во 2008 година кога ние требаше да донесеме одлука за решавање на спорот со Грција кој што е од 1993 година Хрватска реши да се европеизира и да држи состаноци во Брисел а нашата власт тоа време предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да ја антиквизира државата и да не врати 2 300 години назад“, потсетува претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека затоа сега младите се селат во Хрватска, бидејќи наместо со антиквизација, Хрватска преговараше со ЕУ и правеше реформи.

„Тоа е иднината на Македонија, да биде дел од ЕУ. Тогаш не само што ќе си работат тука нашите млади туку и ќе почнат да доаѓаат од други држави кај нас, како што нашите одат во други држави. Тоа е иднината, се друго е замајување на граѓаните и барање на алтернативи кои никој не може да ги објасни“, нагласува Ковачевски во интрервјуто за МИА.

Треба да знаете
Moже да ве интересира