Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: ЗНАМ ќе ги гледаме со наведнати глави, изгубени од својата идеологија и застранети со наследниците на Ванчо Михајлов

„На крајот на денот, предавникот не го сакаат дома, меѓутоа уште помалку го сакаат надвор од дома. Затоа ве уверувам дека на крајот ќе ги гледате стуткани во некој ќош во Собранието како седат во последна клупа со наведнати глави изгубени од својата идеологија и застранети со наследниците на Ванчо Михајлов“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Драчево.

Тој одговарајќи на условите на Димитриевски и ЗНАМ рече дека раководството на СДСМ го бираат членовите на партијата, кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ, а не се вазали кои се предале и отишле со наследниците на Ванчо Михајлов.

„Ние не сме излезени на избори за да враќаме стари долгови, кои ги долгуваме по Куманово, бидејќи за прв пат го донесоа ВМРО на власт во Куманово, па сега мора да враќаат на државно ниво и така да ја помагаат и Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ да имале поголема разлика“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека неговата партија не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови, туку останува едиснтвената партија која ги негува и гаи социјалдемократските вредности.

Треба да знаете
Moже да ве интересира