Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Крис Павловски, како „среќниот Јовче“ за прекинатите фондови на УСАИД кон Македонија


„Wow, и Македонија е киднапирана и од левичарски невладини организации и од УСАИД. За Американците може да се заштедат 290 милиони долари“, напиша Крис Павловски на платформата Х, при што го означи сопственикот, Илон Маск.

Крис Павловски, е канадски бизнисмен чии родители се од Македонија. Тој е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube. Неодамна, Павловски стана милијардер благодарение на инвестицијата од 775 милиони долари од крипто гигантот Tether. Форбс проценува дека тој сега „вреди“ околу 1,3 милијарди долари.

Овој бизнисмен е роден во Канада, а она што е интересно е што ја основал и компанијата Cosmic Development, која има канцеларии и во Србија. Основна дејност и е компјутерско програмирање, а освен во Белград, има канцеларии и во Торонто, Скопје и Битола. Вкупно има повеќе од 250 вработени.

Зачлени се на нашиот е-билтен