Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кулеба: Позитивни сигнали од Унгарија и Словачка за пристапувањето на Украина во ЕУ

Разговорите во Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со ЕУ ќе продолжат до последен момент, но нема земја која не сака да ја види Украина како дел од Европската унија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Има само една земја која сака побавен процес на пристапување и повнимателно да ги проучува последиците од тој пристап, а тоа е Унгарија“, рече Кулеба.

Тој изјави дека вчера разговарал со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој му потврдил дека Унгарија во принцип не се противи на членството на Украина во ЕУ, пренесува Укринформ.

Кулеба нагласи дека самитот на Европскиот совет ќе биде многу тежок, бидејќи има многу дискусии не само за украинското прашање, а преговорите ќе траат буквално до последен момент. Тој истакна и дека денеска украинската страна го примила првиот неофицијален сигнал од Унгарија и отворениот став на Словачка, кои, како што оцени, отвораат нови можности.

„Денес имавме многу внимателен сигнал од Унгарија и отворен сигнал од Словачка, но сè ќе биде одлучено во последен момент. Сега никој не може да предвиди колку долго ќе трае самитот на Европскиот совет. Можат да седат цела ноќ“, заклучи Кулеба.

Треба да знаете
Moже да ве интересира