Лино Червар се врати во Македонија: Не можев да работам дома, па затоа морам да работам во странска земја

Како бомба во ракометниот свет одекна веста дека легендарниот хрватски стратег Лино Червар ќе биде нов тренер на РК Еурофарм Пелистер.

Сега откако целата ситуација стана официјална, Червар даде и изјава за хрватските медиуми дека од следната сезона ќе биде тренер на Пелистер.

„Луѓето од Пелистер имаа голема желба да дојдам. Бидејќи не можам да работам тука, морам да го пренесам моето знаење и искуство во странска земја, на туѓи деца. Имам поинакво мислење, поинаква теорија за обука, но не можев да работам тука“, истакна Червар за хрватскиот портал 24 часа.

Червар кој со селекцијата на Хрватска ги има освоено скоро сите златни одличја неколку сезона беше тренер на РК Металург од Автокоманда.

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=8 stats_views=0 ]

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=8 stats_views=0 ]