Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Не е добро во предизборие да се ослонуваме на сензационализам и шпекулации, немаше разединетост на конгресот на СДСМ

Сања Лукаревска

„Посочените мои партиски другари, за кои беа лиферувани информации, беа присутни и на Извршниот и на Централниот добор, имаа свои дискусии и беа и на Конгресот. Битно е пред да се објави било што да се направи проверка. Не е добро во овој период да бидеме дел од сензационализам што ќе прави штета на некоја партија“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека доста често има шпекулации за разединетост и некакви струии во СДСМ, што не е точно и порача дека треба да се излезе од таквите кујни.

„Тоа е неточна информација и чиста лага. Пред се можам да кажам дека внатре имавме навистина одлична дебата, како што сме имале и претходни години за вакви клучни и битни прашања“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ посочи дека ако некој има различни мислење не значи дека има разединување.

„Дисквалификациите нема да бидат мој метод на кампања во делот на спротивставување со противникот. Треба да покажеме дека сме луѓе, бидејќи политиката се базира на дијалог на различни мислења, поткрепени со факти и секогаш за доброто на граѓаните“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека има одредени поклопувања на програмите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и дека пред граѓантие треба да се покаже што сакаат и што би направиле, наспроти водење на црни кампањи.

„Црните кампањи и навредите не се целта на изборите, затоа и се викаат избори – граѓаните да изберат што е подобро за нив“, рече Лукаревска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира