Македонските министри предводени од премиерот Христијан Мицкоски на 18 ноември ќе отпатуваат за Косово. Целта на патот до Приштина е билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово. Ваквата вест ја соопшти министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за весникот Лајм.
Според Муртезани со посетата ќе се зајакне соработката и стабилноста на регионот, а ќе биде и доказ дека Владата има јасна ориентација кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово. Со ова смета министерот, ќе паднат во вода обвинувањата и како што вели Муртезани, клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија.