Маричиќ: Има разлика меѓу активистите на СДСМ и ботовите на опозицијата

„Има разлика! СДСМ го шири демократскиот глас преку своите активисти, а опозицијата користи ботови за дезинформирање“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ, споделувајќи фотографии работилницата на СДСМ посветена на дигиталната акција.

„Дигиталната битка на овие избори ќе ја добијат СДСМ и демократскиот блок бидејќи гласот и ставот на луѓето кои се борат за социјална правда и за еднаквост секогаш е посилен и погласен од тајните подрумски структури на национализмот“, потенцира Маричиќ во својата објава.

Тој додаде дека СДСМ ја шири својата дигитална акција, преку постојано приклучување нови и посветени подддржувачи на социјалдемократската кауза.

„Им благодарам на сите активисти од Изборна единица 1 кои денес ни се приклучија на работилницата на #СДСМ посветена на #ДигиталнаАкција“, напиша Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира