Маричиќ: На 8 мај СДСМ ќе биде посилен и ќе се соочи со популистичкиот и националистички виор којшто ѝ се заканува на Македонија

„Ние сме биле како партија и порано во слични предизвици и секогаш сме наоѓале и сила и начин како да се консолидираме и како да продолжиме понатаму. И како да се исправиме и да застанеме и со граѓаните и со нашите поддржувачи“, истакна првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ како одговор на прашањето за европската агенда на земјава во контекст на резултатите од првиот круг од изборите.

Маричиќ посочи дека СДСМ „ги прифаќа резултатите такви какви што се и дека ги разбира како многу сериозна порака за ставот нa  граѓаните.

„Од вчера, наша државничка, општествена, политички граѓанска обврска е да продолжиме да се бориме и од вчера сме веќе и во нашите штабови од најниско теренско ниво и во нашите општински организации со нашите членови поддржувачи во маалата. Одиме продолжуваме денес и со активностите врата до врата и разговор со нашите членови, искрен и отворен разговор. Свесни сме за сите разочарувања на граѓаните поврзани и со европските интеграции и со тоа што во моментот на повеќе во повеќе точки ЕУ не беше целосно праведна и фер кон нас, и во однос на однесувањето на нашиот најголем коалиционен партнер ДУИ и тоа го имаме прифатено како забелешка и борбата против криминалот и корупцијата и се она што им пречи на граѓаните“, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот, кој воедно е и сектретар за меѓународни односи на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина, рече дека на 8 мај СДСМ ќе биде посилен, а од другата страна, рече Маричиќ гледаме дека на Северна македонија ѝ се заканува еден огромен популистички и националистички виор кој што не знаеме каде може да не однесе.

„Имавме шанса 11 години да го почуствуваме тој виор и имавме шанса во овие 7 години, на оваа владина коалиција, да направиме многу достигнувања, да направиме и многу грешки. Но мислам дека она што е јасно е дека СДСМ, нашето раководство и нашето членство, не се борат за  опстанок на власт, не се борат по секоја цена да ја формира Владата. Ние се бориме за принципите и политиките во кои што веруваме и од кои нема да се откажеме“, потенцираше Маричиќ.

Бојан Маричиќ нагласи дека нивната борба е за една силна партија којашто ќе остане, ќе продолжи и ќе се развива да биде бедем за демократија, за слобода, за социјални политики и социјална правда во кои биле вложени минатите7 години.

„Во конктестот на европските интеграции гледате дека ВМРО – ДПМНЕ и понатаму избегнува да зборува за европските интеграции и претежно се крева една националистичка реторика. За жал тоа беше прифатено и од ДУИ, дури и иницирана. Но граѓаните не може да видат среќа од таа реторика, може да видат само еден набој којшто ќе не донесе во една тешка ситуација по изборите“, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

„Наспроти сето тоа, на повеќе граѓани им е јасно дека СДСМ е политичката сила која може да ја продолжи оваа приказна и овој процес. Приказната за европска Македонија, приказната дека одиме на вистински пат и приказната дека треба во наредните 4 години треба да преговораме со ЕУ а не со БГ“, истакна Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира