Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Секоја долготрајна блокада завршувала со внатрешни проблеми и конфликти

„Секоја долготрајна блокада секогаш завршувала со внатрешни проблеми и конфликти коишто веќе се во најава“, рече вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат.

Според него партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водат изразено националистичка кампања.

,,Ние сега, во кампањата имаме жестока националистичка реторика како никогаш до сега претходно. Конкретно мислам на оној активен дијалог на кревање тензии, помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата. Тој концепт многу лесно се поигрува со чувствата на граѓаните. Концептот на бинационална држава и меѓуетничка поделеност отсекогаш бил концепт на ВМРО-ДПМНЕ”, посочи тој

Ние, додаде Маричиќ, секогаш сме нуделе пограѓнски пристап, пристап во кој сите граѓани се еднакви и, нормално, пристап со кој се брани и чува достоинството на македонскиот народ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира