Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Сите се движат напред, ние заради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ стоиме во место, граѓаните сакаат да ја видат Македонија во ЕУ

„Ова е сосема реална и достижна цел доколку не ги изгубиме наредните 4 години, доколку не се трудиме да ги вратиме работите назад да преговараме повторно со Бугарија туку да се фокусираме на преговори со ЕУ и граѓаните ќе имаат една едноставна дилема меѓу нив, дали сакаме во наредните 4 години да преговараме повторно со Бугарија или сакаме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Ние нудиме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Имено ги направивиме сите предуслови за почеток на преговорите во еден тежок процес дојдовме до компромисот со Бугарија, имаме усвоена преговарачка рамка која ги заштитува нашите национални интереси,македонскиот јазик, неговиот статус и единствен услов за продолжување на преговорите уставните измени, а сите други прашања ги тргнавме надвор од преговарачката рамка и надвор од преговарачкиот процес ставајќи ги на билатерално поле каде што треба да ги решаваме со Бугарија“, рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на ТВ Телма.

Тој посочи дека, доколку по завршениот скрининг 15 месеци успешно оценет пофален од сите, завршен и веќе сме ги добиле двата извештаи за првиот кластер и вториот кластер, за темелни вредности и внатрешен пазар она што следува е комплетирање на преговарачките групи по изборите и планот за раст. Тој додаде дека се тоа е достижно во следните 4 години, да се заклучат преговорите до 2028 ако се искористат сите капацитети.

„Нам ни треба обновен консензус за ЕУ. Ние би биле најсреќни оваа тема да беше до сега завршена и затоа ја предложивме пред 2 години, затоа работевме на тоа и работевме на убедувањето на опозицијата да ние овие избори бидат растоварени од тој притисок. Затоа фактичката состојба ја побива тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека овие избори не се за нашето идно членство во ЕУ. Напротив овие избори се токму за тоа затоа што како што сами рековте додека БиХ добива преговори или одлука за преговори, додека Украина и Молдавија добиваат преговори и веќе го почнуваат скринингот, тие треба да ја усвојат за некој месец преговарачката рамка уште во оваа комисија. Сите се движат напред, ние решивме заради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ да стоиме во место. Желба на повеќето граѓани да ја видат Македонија во ЕУ“, рече Маричиќ.

Тој посочи дека „наместо да преговараме со Брисел и со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предлага да преговараме само со Бугарија“.

„Ние во Уставот сме ставиле во два наврати две промени во минатото, а една од нив била и услов за нашето членство во ОН, дека нема да се мешаме во внатрешните работи на нашите соседи, тоа пишува во Уставот, тоа не сум го смислил јас, кога е напишано сум имал 15 години. Вие сега велите дека повторно наместо да преговараме, се што го предлагате наместо да преговараме со Брисел и со ЕУ ние всушност ќе преговараме само со Бугарија. Одложеното дејство е нешто што ние го дискутиравме на почетокот на процесот меѓутоа од сите беше оценето за жал како еден несериозен предлог бидејќи би значело нешто во идно време неопределено без да бидат јасно договорени чекорите до тогаш, а ние секако ќе имаме можност да разговараме бидејќи ова што го кажувате се вклучувајќи и дел од вашата програма е невозможно да се спроведе без отворање на Уставот. И сега сите прашања, реципроцитет, одложено дејство и Стразбур подразбираат крупни и долготрајни преговори со Бугарија кои што во меѓувреме сите наши соседи ќе ги однесат пред вратите на ЕУ“, рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во Топ Тема на  ТВ Телма.

Зачлени се на нашиот е-билтен