Кличко: Русите го погодија и вториот мост над Днепар во Киев, првиот беше погоден пред два дена

Киев

Северниот мост над реката Днепар во Киев беше погоден денес за време на руски напад, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Службите за итни случаи беа испратени на местото на несреќата, рече Кличко, а сообраќајот преку мостот во правец од исток кон западниот брег беше прекинат поради оштетување на коловозот и надземните тролејбусни линии, објави Ројтерс.

Досега нема пријавени жртви.

Во изминатите два дена беше погоден и Јужниот мост над Днепар, што привремено го запре сообраќајот.

Повеќе од една третина од трите милиони жители на главниот град живееја на источниот, односно левиот брег на Днепар пред почетокот на војната со Русија во 2022 година, додека огромното мнозинство работи на западниот, односно десниот брег, каде што се наоѓаат повеќето државни институции и компании.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?