Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победата

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Колаицијата за европска иднина Бојан Маричиќ на митингот во Општина Центар порача дека граѓаните не треба да имаат дилема на кого треба да гон дадат својот глас на претстојните избори.

„Во овие 7 години покажаа дека Македонија може да биде поинаква држава. Покажавме дека може да има и слобода и демократија и тешки одлуки во интерес на граѓаните и да се пребродуваат кризите успешно и да одиме напред. И навистина сме отидени напред. Дали е доволно? Сигурно дека не е. Но дали сме единствената опција што може да ги исправи тие грешки да продолжи да ја води државата напред, сигурно да“, истакна Бојан Маричиќ.

Маричиќ потенцираше дека на другата страна е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ која што се препознава по катастрофалните за кои не се извинија и дека на нивните собири и митинзи се истите како пред 11 години.

„Само уште шефот им фали од Будипмпешта за да биде сликата комплетна. Тоа ВМРО треба да ни донесе некаква слобода, демократија и развој. Тие луѓе кои што се симбол на заробена држава треба да ни ја вратат Македонија да биде повторно наша. Тие можат само повторно да ја заробат“, нагласи Маричиќ.

На прашање на граѓаните, Маричиќ ја појасни и намерата на СДСМ, како предводник на новата Влада во наредниот мандат, да спроведе ветинг со кој ќе се провери потеклото на имотот на сите судии и обвинители и на секој функционер во политиката за да се отстранат од системот оние луѓе на кои што ќе им се утврди конфликт на интерес и на кој што ќе им се утврди прекумерен имот кој што не можат да објаснат како го стекнале.

„Од тој ветинг овој пат нема да одстапиме. Ве уверувам дека наредниот мандат тоа ќе ни биде еден од главните фокуси и никој више не може да не поколеба во тоа. Тој ветинг мора да го направиме и мора и во полтииката, судството, обвинителството кадрите и луѓето да се делат на чесни и нечесни, на способни и неспособни, на искрени и лажни“, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Колаицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ во своето обраќање пред граѓаните на Општина Центар уште повика дека за изборот за СДСМ и коалицијата не треба да постојат никакви дилеми и посочи зошто.

„Затоа што срцето на Македонија е црвено, борбено, социјалдемократско. А душата е прогресивна, жолта, сина, европска и со тоа социјалдемократско срце и со таа европска душа можеме да веруваме силно и да се избориме за победата“, нагласи Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира