Маричиќ: Младите се двигателот на нашето општество и тие знаат што е најдобро

“Младите се двигателот на нашето општество и тие знаат што е најдобро. Поддржуваме создавање на општество со рамноправен пристап до вработување и поддршка за личен развој“, истакнува во пораката на социјалните мрежи секретарот за меѓународни односи во СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Коалицијата за европска иднина од Изборната единица 1 Бојан Маричиќ.

Маричиќ издвојува повеќе мерки од програмата на СДСМ и коалицијара за младите.

„Го промовираме концептот Плата за живот. Гарантирана плата според реалните трошоци и животни потреби, и зголемени грантови од 8.000 евра за младите кои започнуваат сопствен бизнис. Ќе воведеме програма со субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години. Планираме утврдување максимален износ на цените на пазарот за издавање недвижности. На тој начин, ќе поттикнеме младите да имаат услови порано да се осамостојат“, посочува Маричиќ.

Маричиќ уште информира и за обврската да се воведе бесплатен јавен и железнички превоз за сите ученици и студенти, со субвенционирање на меѓуградскиот превоз за студентите кои патуваат до местото на студирање.

„Вашата иднина е наш приоритет“, порачува на социјалните мрежи секретарот за меѓународни односи во СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Коалицијата за европска иднина од Изборната единица 1 Бојан Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира