Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Ако Бугарија не е подготвена на отстапки, ќе се свртиме кон домашната агенда и ќе чекаме нова гарнитура во Софија

„Не гледам што е тоа што тие попуштиле. Не гледам такво нешто. За прв пат, дел од преговарачка рамка е билатерален договор. Такво нешто во ниту еден друг случај не постои. Си има меѓународни критериуми што значат добрососедски односи. Зборувам за билатерален договор, помеѓу две држави. Еве, покажете ми уште еден таков пример. Нема. Не постои. Подготвен сум да одам и да ги аргументирам нашите позиции каде било во светот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Нашиот став по ова прашање е јасен. Не гледам што е страшно како што имаме анекс на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, да имаме уште еден анекс, во кој ќе видиме каков тип на принципи ние претставуваме и со што ние ќе излеземе во тие разговори. Вака како што сега е сето тоа концепирано, ние тоа немаме намера да го поддржиме.

Ова вчеравечер во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање за уставните измени, кои се услов за почеток на преговорите меѓу земјата и Европската унија, како и да даде коментар за она што го пишува во предизборната програма на коалицијата „Твоја Македонија“ дека до европска интеграција треба да се дојде преку дијалог и исполнување на принципи.

Според Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е јасен, но ако Бугарија не е подготвена да отстапи од своите позици, тогаш, како што посочи, би се свртеле кон исполнување на домашната агенда и ќе чека нова гарнитура во Софија.

„Не влегуваме во овој процес ради политичка гимнастика или да покажеме колку сме цврсти. Ние едноставно не веруваме дека ова е вистинскиот процес. За да биде вистински процесот треба од другата страна да имаме јасен план. Ние немаме јасен план, освен гола реторика и ‘видете треба да ни верувате‘. Чекајте, ние ви веруваме повеќе од две децении“,рече тој.

На прашањето дали говорите за Европска унија или за Бугарија, Мицкоски вели дека Европска Унија е таа која го води овој процес, а Бугарија е само дел од него.

На новинарската констатација дека ЕУ вели дека измените на Уставот мора да се направат и автоматски ќе ги започнеме преговорите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече: „Добро, но тоа ќе биде дента кога ќе влеземе во Европската унија. Ајде, сега да разговараме што од овој момент ќе правиме“.

Прашан за коментар на изјавата на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев дека Бугарија повеќе нема да прави отстапки за Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во тој случај би се свртеле кон решавање на домашните проблеми, како и дека ќе чекаат да дојде некој разумен од бугарска страна со кој ќе може да разговараат.

Според него, на бугарскиот премиер треба да му се постави прашањето што е тоа од што треба Бугарија да отстапи.

Мицкоски посочи и дека не планираат инат да водат, но дека треба своите ставови треба аргументирано да ги претстават.

„Ние си имаме свои ставови, свои аргументи, своја позиција и подготвени сме да дебатираме“,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Мицкоски, рече дека до 28 мај (конституирање на Собранието, н.з.) е можно да консолидираат 61 пратеник, зашто имаат такви сигнали од поединци од другите коалиции кои можат да се приклонат кон нив. Така, заедно со „Вреди“, рече Мицкоски, би имале 74 или 75 пратеници.

Преземено од 360 степени

Треба да знаете
Moже да ве интересира