Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Мораме младите да ги завртиме кон семејството, потребни се за да го полнат буџетот и да ги плаќаат пензионерите

со формирањето на новата Влада, Министерството за труд и социјални политики доби уште два сектори, а тоа се демографија и млади. Иако досега не беше спомната стратегија по ова прашање, освен што беше најавено дека ќе продолжи мерката за субвенционирање на купување куќи, премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на поткасото на Кристијан Ландов вели дека ќе формира тело со повеќе членови кои ќе се занимаваат само со една тема- демографијата.

– Мораме младите да ги завртиме кон семејството. Клучниот предизвик за периодот кој што следи, за децениите што следат затоа што старееме како нација и ќе нема кој да го полни буџетот, а од буџетот да ги испорачаме обврските кои што ги имаме кон поворасното население, кон пензионерите. Некоој може да ми каже дека сум конзервативен, дека сум старомоден, но убеден сум дека ако сакаме да имаме стабилна нација, ако сакаме да имаме цврста држава, мораме семејството да ни биде прво во фокусот“, рече Мицкоски.

тој исто така одговарајќи на новинарско прашање вели дека ќе се вратат и мерките за многудетни семејства.

Најново