Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министри во Владата го честитаа празникот на лозарите и на винарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод празникот св. Трифун, заштиникот на лозарите, денеска ги посета лозарите од Кавадарци и од Неготино.

Министерот Николовски се обрати на закројувањето на лозјето заедно со претставници на Македонски семејни винарии, во селото Марена и беше дел и од закројувањето на лозјето во винаријата Тиквеш, на лозовите насади во Лепово. 

„Како ниту една година претходно, субвенциите за 2022 година беа во целост исплатени кон сите земјоделци уште пред законскиот рок. Првпат во истата година земјоделците добија авансна исплата на основните субвенции за тековната година“, изјави во пресрет на празникот на лозарите и винарите министерот Николовски.

Честитајќи им го Свети Трифун, празникот на лозарите и производителите на вино, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, истакна дека Северна Македонија е синоним за квалитетно вино кое е наша традиција, а нашите винарии, како што наведе министерката, се вистински амбасадори во многу држави низ светот.

„Ние знаеме како да го почитуваме трудот на лозарите кои вредно и посветено создаваат препознатливи вина кои завршуваат на европските и светските пазари, токму затоа сме денеска тука“, дополни Костадиновска-Стојчевска, која во чест на празникот на лозарите присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и преставниците на македонските винарии.

Настанот со закројување на лозјата се одржа во заедничка организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и македонските семејни винарии.

Треба да знаете
Moже да ве интересира