Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мишел во Кијив: 10 години од Евромајдан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Кијив.

Како што пренесува МИА, Мишел пристигна во главниот град на Украина во знак на поддршка за Украина, која денеска одбележува 10 години од масовните протести со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Русксата Федерација.

– Добро е што се вратив во Кијив – меѓу пријателите, напиша Мишел на социјалната мрежа “Икс”.

На 21 ноември 2013 на Плоштадот на Независноста (Маидан Незалежности) во Кијив почнаа протестите против украинскиот претседател Виктор Јанукович.  По тримесечни протести, за време на кои загинаа најмалку 120 лица, а речиси три илјади беа повредени, Јанукович и парламентарната опозиција на 21 февруари 2014 постигнаа договор за формирање влада на национално единство, за спроведување на уставни реформи и за одржување предвремени избори.

Уште истиот ден, Јанукович и дел од министрите во неговата Влада го напуштија Киев, по што следниот ден Врховната рада го разреши од должноста претседател и ја изгласа новата, привремена влада на Украина.

Извор ЦивилМедиа,

Треба да знаете
Moже да ве интересира