Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нова авиолинија – Туркиш Ерлајнс ќе го поврзе Охрид со Истанбул

Од 27 март 2025 година, Туркиш Ерлајнс започнува со летови на релацијата Охрид-Истанбул. Билетите за оваа линија веќе се достапни, објави порталот „Ексјуевиејшн“.

Летовите ќе се реализираат четири пати неделно – во понеделник, четврток, петок и недела – од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Авиокомпанијата ќе користи модерни авиони, како Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

Оваа линија е дел од програмата за финансиска поддршка од Министерството за транспорт за периодот 2025-2027 година. Субвенциите изнесуваат 12 евра по патник во доаѓање за охридскиот аеродром и 9 евра за скопскиот. Очекувањата се дека ова ќе привлече дополнителни 200.000 патници годишно.

Покрај линијата кон Истанбул, од Охрид ќе има летови и до Базел-Милхаус, додека од Скопје ќе се лета директно кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.

Линијата Охрид-Истанбул е значајна за развојот на туризмот на охридско-струшкото крајбрежје, овозможувајќи нови можности за поврзување и привлекување посетители од целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен