Нова операција во потрагата по Данка: Се вклучија и тимови за спасување од урнатини

Два тима за спасување од урнатините од денеска утрината започнаа да го пребаруваат просторот околу куќата каде исчезна Данка Илиќ, објавија медиумите во Србија.

Двете специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско поле и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезна двегодишно девојче.

Екипите се состојат од 18 пожарникари и спасувачи со 5 теренски возила и едно куче за спасување. Припадниците на Министерството во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатото девојче Данка Илиќ и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?