Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нова пратеничка во Собранието, доаѓа на местото на владината портпаролка Митева

Собрание на РСМ

Катерина Димитровска од Изборната единица 1 од листата за пратеници на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новата пратеничка во Собранието. 

Претпладнево на седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, претседателот на ДИК Борис Кондарко ги извести членовите дека Димитровска го прифатила мандатот. 

Димитровска доаѓа на местото на Марија Митева, која поднесе оставка на пратеничката функција и стана портпаролка на Владата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен