Унгарскиот премиер Виктор Орбан, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се сретнат пред самитот на ЕУ во Брисел, на кој Орбан се закани дека ќе стави вето на одлуките во врска со Украина.
Ќе учествуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој го објави состанокот на својата веб-страница, и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Од лидерите на ЕУ на состанокот се бара едногласно да одлучат дали ќе започнат пристапни преговори со Украина и за дополнителна финансиска помош за Киев во вредност до 50 милијарди евра (54,5 милијарди долари).
Владата во Будимпешта постојано се заканува дека ќе ги блокира двете одлуки.
Мишел синоќа рече дека „работел дење и ноќе“ за позитивен исход.