Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пад на акциите на азиските и европските банки и покрај гаранциите на Бајден

Акциите на банките во светот паднаа и покрај уверувањата на американскиот претседател Џо Бајден дека американскиот финансиски систем е безбеден по колапсот на две американски банки, јави Би-Би-Си.

Акциите паднаа откако властите презедоа мерки за заштита на депозитите на клиентите во Банката на Силиконската долина (СВБ) и Сигничер банката (СБ), се вели во синоќа објавениот извештај.

Бајден вети дека ќе стори „сè што е потребно“ за да го заштити банкарскиот систем. Тој вчера им порача на Американците дека финансискиот систем на земјата е стабилен.

Ненадејниот банкрот на двете банки ги зголеми стравувањата од поголема криза. Инвеститорите стравуваат дека другите банки би можеле да бидат погодени од последиците, а акциите на глобално ниво забележаа остар пад.

Во петокот, американското регулаторно тело ја затвори СВБ, специјализирана за кредитирање на технолошки компании. Тоа е најголемиот колапс на американска банка од финансиската криза во 2008 година.

Во неделата властите ја презедоа СБ во Њујорк, која имаше многу клиенти вклучени во криптовалути. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира