Сините Ајкули како што ја нарекуваат репрезентацијата на Зеленортските острови — направија историски успеј и се пласираа на Мундијалот.
За нешто помалку од два часа тие ќе го имаат своето деби на стадионот во Атланта, а противникот не можеше да биде потежок.
Фудбалерите на Зеленортските острови ќе се обидат да ѝ парираат на Шпанија еден од фаворитите за пласман во финалето и освојување на Светското првенство.
Пред почетокот на натпреварот, селектор на тимот, Педро Брито – Бубиста, кој се смета за архитект на најголемиот успех во историјата на националниот тим изјави дека неговите момци треба да играат опуштено и дека нема од што да се плашат.
За малата африканска нација и самиот пласман на Мундијалот е историски успех но дел од населението на островите потајно се надева дека сонот може да продолжи и во групната фаза, а зошто да не и во фазата потоа.
Мечот се игра во 18.00 часот и е прв од денешната програма каде ќе играат уште и Белгија – Египет, Саудиска Арабија – Уругвај и Иран – Нов Зеланд.
