Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Македонија е најстабилна без конфлитки и поделби, тоа треба да го чуваме

„Ако сакаме Македонија да продолжи да биде пример за соживот и за почитување на сите граѓани без разлика на етничка, верска или партиска припадност нашиот избор на 8 мај е многу едноставен. Со заокружување на бројот 1 да дадеме шанса напредокот на државата да продолжи по вистинската патека. Бев и ќе останам претседател за сите“, порача на социјалните мрежи кандидадот за претседател Стево Пендаровски.

Тој истакнува дека убеден дека дека мнозинството граѓани ја сакаат Македонија со сите убави бои, со сите граѓани еднакви и солидарни меѓу себе и дека заеднички треба да продолжат напред.

„Македонија денес е најстабилна на полето на меѓуетничките односи, без конфликти и без поделби. И тоа е една од нашите најголеми придобивки. Почитувајќи и грижејќи се за сите граѓани подеднакво, ќе продолжам да работам и во вториот мандат“, истакнува Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира