„Перо Наков“ утре затворена осум часа кај железничката станица во Маџари

Скопје

Улицата „Перо Наков“ утре, 6 август, ќе биде целосно затворена за сообраќај во периодот од 8 до 16 часот, информираа Град Скопје и Општина Гази Баба.

Прекинот ќе важи на делницата кај патниот премин преку железничките пруги, во близина на Железничката станица во Маџари.

Во текот на осумчасовната забрана, екипи на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ ќе вршат санација на патниот премин, поради што улицата ќе биде целосно затворена за возила. Работите ќе се изведуваат во координација со СВР Скопје и ЈСП „Скопје“.

Од Град Скопје ги повикуваат возачите навреме да ги планираат патувањата, да користат алтернативни сообраќајници и да ги почитуваат поставената сигнализација и насоките на полициските службеници.

Најчитано