Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни

 – Гласините за здравствените проблеми на рускиот претседател Владимир Путин се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

-Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесуваат руските медиуми. 

Тврдењата дека Путин има двојници портпаролот на Кремљ ги нарече апсурдни и лажни. 

-Ваквите лажни вести, додаде тој, не може да предизвикаат ништо друго освен насмевка. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира