Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Лицемерно е да седите во Белата палата изградена на најрминиален начин и да кажувате дека сте за борба против корупција

„Многу работи се направени изминатите седум години, тоа го покажуваат сите извештаи за борба против коруоција. Можеме да ги погледнеме извештаите на Транспаренси Интернешнл, каде се гледа скокот. Но од оваа позиција на која што сум, дел од актуелната влада, можам да кажам дека треба и може уште повеќе“, посочи министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека дел од програмата на СДСМ е посветена токму на мерките за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„За разлика од некои времиња, кога креатори на корупција беа властодршците од ВМРО-ДПМНЕ и од Белата палата се делегираше корупција, сега се менуваат работите“, рече Петровска.

Таа додаде дека е лицемерно да седите во Белата палата, која е изградена на најркиминален начин и да велите дека сте поборник за борба против корупцијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира