По силното невреме, во Скопје до околу 18 часот сè уште ќе има услови за дожд, грмежи и локална нестабилност. Потоа се очекува постепено смирување на времето, но небото ќе остане претежно облачно.
Температурата околу 19 часот ќе изнесува 23 степени, до 22 часот ќе се спушти на околу 21, а пред полноќ на 20 степени.
За Скопскиот Регион останува активно жолто предупредување за грмежи до 23:59 часот, па граѓаните треба да бидат внимателни при движење на отворено. Во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, а температурата ќе се спушти до 18 степени.
