Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почна изградбата на 400 kv далековод меѓу Албанија и Северна Македонија

Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата на 400 киловолтниот далековод  меѓу Албанија и Северна Македонија. 

– Ова е многу значаен проект и  ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји, која ќе овозможи директна размена на електрична енергија. Со изградбата за 1500 мегаватчасови ќе се зголеми преносниот капацитет во нашата држава. Голема благодарност за сите кои вложија напор овој проект да стане реалност, рече меѓу другото Белинда Балуку, вицепремиерка и министерка за инфраструктура.

 
Накратко се осврна на инвестициите во низа други проекти како „Коридорот 8“, создавање на нов фотоволтаичен парк во градот Белш и нов далековод меѓу Албанија и Италија.

Објава за настанот има и германската амбасада во Тирана.

– Овој важен проект не само што ја зајакнува регионалната енергетска интеграција, туку овозможува и директна размена на електрична енергија, ја промовира енергетската безбедност и ги зајакнува високонапонските врски исток-запад со затворање на 400-kV прстен со Грција, стои во објавата.

Се оценува дека далноводот значително придонесува за одржливиот развој на албанската економија, ја подобрува регионалната енергетска интеграција и обезбедува сигурно снабдување со електрична енергија

– Финансирањето од 50 милиони евра од германската влада преку Банката за развој (KfW) и грант од 15,7 милиони евра од  ЕУ го зајакнуваат партнерството и ја истакнуваат нашата заедничка определба.
Ајде заедно да ја прославиме оваа пресвртница која не само што ги зајакнува врските, туку и го отвора патот за позелена и поповрзана иднина, се наведува во објавата. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира