Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски

Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ денеска соопшти дека се придружува кон поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ.

-Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија, се вели во соопштението на Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.

Оттаму укажуваат дека ова е пример со којшто се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност туку и на целата култура воопшто.

-Ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин. Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани, се посочува во соопштението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира