По минатогодишните немири и поради тензиите во заедницата поради војната во Газа, берлинската полиција планира голема операција за новогодишната ноќ.
– Тоа е најголемата полициска операција на новогодишната ноќ во последните децении, изјави за ДПА, комесарката на полицијата во Берлин, Барбара Словик.
– Ова главно се должи на конфликтот на Блискиот Исток, што ја прави оперативната ситуација многу попредизвикувачка и сложена, истакна таа.
Минатата година, покрај вообичаениот огномет на улиците, имаше и многу фрлени петарди и други напади врз полицајци, пожарникари и болничари во некои населби на Берлин и други поголеми градови.
Словик најави дека 2.000 до 2.500 берлински полицајци и поддршка од покраините Саксонија, Саксонија-Анхалт како и федералната полиција ќе бидат распоредени на новогодишната ноќ.
– Истовремено ќе се зголеми бројот на патролни возила од вообичаените 150 во текот на ноќта на 220.
Покрај тоа, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на градските приградски железнички станици и на други оддалечени железнички станици.
Една од причините за значителното зголемување на бројот на полицајците се настаните од минатата новогодишна ноќ.