Повеќе делови од Скопје денес без струја

Повеќе делови од Скопје денеска, 6 август, ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа и санација на дефекти на водоводни цевки.

Без струја од 9 до 12:15 часот ќе бидат корисниците од Радишани 7, улицата „56“ во Радишани и делови од Бутел. Прекинот е поради замена на постоечки дрвен столб.

Прекини ќе има и во водоснабдувањето во општините Кисела Вода и Центар.

Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Драчевска“, во близина на црквата, без вода од 8:30 часот до завршувањето на санацијата ќе останат корисниците во селото Драчево.

Од 8 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат и дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работите.

Најчитано