Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок.
Официјални лица рекоа дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе.
Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го сторат тоа барем еднаш во својот живот, доколку се физички и финансиски способни.