Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пожар на гасен терминал кај Санкт Петербург

– Пожар избувна на терминал на рускиот независен производител на природен гас „Новатек“, во пристаништето Уст-Луга, во Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот на регионот. 

-Нема пријавени жртви од пожарот на терминалот на „Новатек“ во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран… Во округот Кингсеп е воведен режим на висока готовност, изјави гувернерот Александар Дрозденко.

Гувернерот додаде дека претставници на руското Министерство за вонредни ситуации и локалната противпожарна служба се на местото на настанот за да го изгаснат пожарот, пренесуваат руските медиуми. 

Веб-страницата Marine Traffic претходно објави дека до пристаништето Уст-Луга биле закотвени пет танкери, што пловеле под националните знамиња на Панама, Габон, Либерија и Грција.

Дрозденко не кажа што го предизвикало пожарот на пристанишниот терминал во рускиот дел на Финскиот залив, околу 170 километри западно од Санкт Петербург и 35 километри од естонската граница.

Локалните медиуми јавија дека најмалку два дрона биле забележани како летаат кон Санкт Петербург пред извештаите за пожар на терминалот.

Зачлени се на нашиот е-билтен