Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Препукувања во Владата: Занимавај се со убиствата во Скопје, а не со Гаши, му порача Муртезани на Тошковски

„Јас го разбирам и министерот за внатрешни работи кој веројатно сака да даде порака дека никој не е над законот, но ние во Скопје секојдневно имаме убиства и мислам дека главниот фокус на МВР треба да биде на борбата против секојдневниот криминал од кој ги загрозува животите на граѓаните“, му порача министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани во емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21 на својот колега министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Зборувајќи за скандалот на Гаши, Муртезани упати неколку барања до Тошковски да не се занимава со случајот на Блаце, туку со убиствата што секојдневно се случуваат во главниот град.

Муртезани објавувањето на видеото каде се прикажуваат службените автомобили на Гаши кои одат на свадба во Косово, го опиша како медиумска сензација.

„Сензација во медиумите. Во основа нема прекршување“, изјави Муртезани.

Зачлени се на нашиот е-билтен