„Северна Македонија и Словенија имаат слична природа и имаме исти можности. Треба да се посветиме на заштитата на животната средина за да го подобриме туризмот. Словенија денес е препознаена како зелена дестинација, бидејќи наша цел е развојот и промоција на културните и природните богатства“, рече словенечкиот амбасадор во земјава Григор Прескер на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид.
Тој додаде дека Словенија сака да воспостави рамнотежа меѓу туризмот и заштитата на животната средина.
„Словенија го стави правото на пристап до чиста вода за пиење во Уставот, бидејќи птиката вода станува се поретко богатство“, истакна Прескер.
Амбасасдорот потенцираше дека Словенија немаше да направи такви чекори во заштитата на животната средина доколку не беше членка на ЕУ.